Непречена торта со бисквити, чоколдо и рум

17 октомври, 20150
12

Состојки:
800 гр бисквити цели
2 филџани инстант кафе
Фил:
220 гр сецкани чајни колачи
120 гр мелени бисквити
200 гр шеќер
8 лажици млеко
50 гр чоколадо рендано
100 гр маргарин
50 гр мелени ореви
1 лажица рум
Фил 2:
500 гр слатка павлака
50 гр чоколадо рендано, како и рум по вкус

Подготовка:

Како и кај многу непечени бисквитни десерти и тука се топат бисквитите во инстант кафето и се образува кора со ширина и должина по ваша мерка.

Што се однесува до филот пак, неговата подготовка започнува со тоа што се топи шеќерот во млекото, се додава и маргаринот така стопени се полеваат мелените бисквити и кршени на парчиња чоколадираните кекси, се става рендано чоколадото, оревите и рум.
Се премачкува измешаната смеса над првиот ред од бисквит-кората, потоа се бие слатката павлака, се дели на половина едната половина останува чиста, а во другата се става чоколадото и рум малку, да ја засили аромата колачот, за да се разликува по бојата малку какао се става. Се оставаат двата дела слатка павлака во фрижидер додека ја образуваме втората кора од бисквити во нескафе, над нив се става делот со бела слатка павлака, повторно ред бисквитна кора и најгоре делот со малку обоена слатка павлака со чоколадо.
Украсете ја по избор, се лади во ладилник и така се служи..

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *