Нескафе торта (без печење)

17 февруари, 20140
10

Состојки:
500 гр бисквити (или готови кори за торта)
500 мл слатка павлака (хопла, халта или некоја друга)
3 јајца
11 лаж. шеќер
3 лаж. нескафе ( може ако сакате и капучино место нескафе)
малку млеко за бисквитите

Многу брза, лесна и вкусна торта. Слатката павлака се мати со пола од шеќерот. Во посебен сад кремасто се матат јајцата со останатиот шеќер. На крај се додава нескафето и се мати додека се растопи. Оваа смеса се додава на изматената слатка павлака и се мати додека добро се измеша.
Секоја бисквита на секунда ја потопуваме во ладно млеко, во кое по желба може да се додаде и малку арома на рум и правиме прв ред, па премачуваме од филот. Така се прават 3-4 реда, ред бисквити-ред фил. Готовата торта ја наросуваме со рендана чоколада или чоколадни трошки и ја оставаме да преноќи во фрижидер. Се сечи на коцки.
Оригиналнот рецепт е со дупла доза од наведените и треба уште и 250 гр маргарин. Но, искуството и години наназат правејќи ја и согласно јас и конзументите, маргарин не користиме. Маргаринот минимално ја прави потешка за конзумација, а служи за повеќе да се уцврсти филот. Но, и без него филот ако добро се измати (јајцата да се пресни и пред употреба да биле одстоени на собна температура, најмалку 2 часа), маргаринот и воопшто не треба. Зошто не е напишан рецептот во оригинал? Затоа што, е многу и пола доза ќе ви е доволна, доколку не се решите да ја правите за поголем број на луѓе.
Ви посакувам слатко уживање!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi