Одличен рецепт – Пица кифлички (видео)

23 октомври, 20150
Одличен рецепт – Пица кифлички (видео)

Состојки:

500 гр брашно

2 јајца

Свеж квасец

100 мл масло

300 мл млеко

2 лажички сол

1 лажичка шеќер

100 гр кечап

200 гр шунка или паризер

150 гр кашкавал

2 лажички оригано

1 лажица павлака за премаз

Сусам или ким за декорација

Подготовка:

Исипете го брашното во подлабок сад и додадете едно јајце, иситнете го квасецот дирекно во брашното, додадете масло, сол, шеќер и млеко па измешајте. Ставете го тестото на топло за да втаса за што ќе бидат потребни од 45 минути до 1 час. Развлечете го тестото на подлога поросена со брашно и исечете го на еднакви тријаголници. Секој од нив се премачкува со лажица кечап кој претходно ќе го зачините со оригано па врз него ставете шунка и рендан кашкавал. Кифличките ставете ги во подмачкан плех. Премачкајте ги со матено јајце со лажица павлака и поросете со сусам или ким. Кифличките се печат во загреана рерна на 200 степени 30 минути. Погледнете го видеото за кифлички со сирење бидејќи тестото е исто како и начинот на подготовка само филот се разликува.

httpv://www.youtube.com/watch?v=L_x5_9ZHb5Q

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi