Состојки
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 4 лажици гриз
- 1 пакетче прашок за пециво
- 400 мл млеко (за преливање)
- 150 г шеќер (за преливање)
- 1 пакетче ванила (за преливање)
Подготовка
Во сад, со помош на миксер, изматете ги белките заедно со шеќерот се додека не добиете црвст шлаг.
Постепено додавајте ги жолчките, притоа константно мешајќи со миксер.
Измешајте го брашното со гризот и прашокот за пециво и додадете го во смесата. Мешајте со силиконска лажица се додека сместа не стане хомогена.
Тавата за печење намачкајте ја со маргарин или путер и смесата истурете ја во неа.
Печете на 180 степени, во загреана рерна, околу 15 до 20 минути. Проверете со чечкалица дали колачот е испечен.
Сварете го млекото, додадете шеќерот и ванилата и со постојано мешање, варете околу 10 минути. Смесата за попарување истурете ја врз оладениот колач (но истурајте внимателно бидејќи површината на колачот е нежна).
Оставете колач да се олади, исечете го на коцки, наросете малку ореви и сервијате го. Добар апетит!