Песок торта: Десерт без печење, готов за 20 минути

21 ноември, 20140
12

Состојки:

1 литар млеко

4 пакетчиња пудинг

330 гр шеќер

1 маргарин

200 гр бисквити

200 гр кокос

200 гр ореви

Шлаг

Подготовка:

Ова е брз колач, готов е за 20 минути и не може да не успее! Количината на состојките секако зависи од големината на тортата што сакате да ја направите, но е важно да се сочува овој сооднос.

Треба да ги сварите четирите пакетчиња пудинг, но не според упатството на производот, туку во еден литар млеко. Пудингот нека се олади и во него додадете го пенасто изматениот маргарин.

Смесата поделете ја на три дела. Во едниот дел додадете кокос, во другиот ореви, а во третиот мелени бисквити. Треба да додадете толку состојки со цел пудингот да биде доволно цврст.

Во соодветен сад ставете го прво кремот со бисквити, врз него кремот со кокос, а на крај тој со ореви.

На крај изматете го шлагот и премачкајте ја тортата од сите страни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi