Погрешно сте пржеле јајце цел живот!

28 октомври, 20140
Погрешно сте пржеле јајце цел живот!
Пржењето јајца се смета за еден од најлесните потфати во кујна, но и покрај тоа, некои луѓе се соочуваат со еден проблем при пржењето.

Јајцето на око најчесто на долната страна е препржено, а од горе уште е живо, особено жолчката. Доколку и вам ви се случува истото, решението е многу едноставно – употребете го капакот.

Л.В. Андерсон, готвачката за сајтот “Slate” објаснува дека употребата на капакот овозможува јајцето да се испржи рамномерно. Да, така е. Пареата ќе помогне и горната страна од јајцето да се испржи па таа нема да биде лигава и проѕирновидна смеса – кои многумина навистина ги иритира.

Исто така јајцето секогаш пржете го на средна температура, никако на најсилна бидејќи тоа буквално ќе го испржи само долниот дел за неколку секунди. Доколку сакате жолчката да ви биде помека, тргнете го јајцето од рингла веднаш чим белката стане цврста, доколку пак ја сакате во цврста состојба, исклучете ја ринглата и по една минута тргнете ја тавата но оставете јајцето да отстои поклопено уште некоја минута. Тоа е тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi