Полнети тиквички

12 август, 20140
recept

Потребни состојки:

  • 2 поголеми тиквички
  • лажуца пармезан
  • лажица сецкан магдонос
  • малку босилек
  • мала главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • сол
  • лажица кисела павлака
  • сирење
  • домати

 

Начин на подготовка:

Исечете ги тиквичките на кругови дебели десетина сантиметри. Со лажица извадете ја средината, така што ќе добиете корпа, но средината сочувајте ја. Потоа тиквиците малку посолете ги и премачкајте ги со лук.

На малку масло пропржете го кромидот и лукот и средината од тиквичката. Додадете исецкан домат и зачини, па продолжете да пржите додека не испари сокот од доматот. Во оладената смеса додадете пармезан и кисела павлака. Тиквиците наредете ги во подмачкан плех, полнете ги со фил и печете околу 15 минути на 180 степени. Сервирајте и украсете со магдонос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi