Посна бајадера

8 април, 20140
17

Состојки:

  • 250 гр. мелени ореви
  • 250 гр. мелени посни бисквити
  • 700 гр. шеќер
  • 20 лажици вода
  • 150 гр. чоколадо за готвење
  • 200 гр. маргарин

глазура

  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 50 гр. маргарин

Подготовка:

Во зовриена вода ставете го шеќерот и гответе 3 минути, да се растопи шеќерот.
Додадете ги мелените бисквити и мелените ореви, па кратко гответе и мешајте и оставете да се излади. Во малку изладената смесеа додаете го марагаринот претходно исецкан на мали коцки. Мешајте додека маргаринот не се растопи.

Во друг сад растопите 150 гр. чоколадо за готвење. Во растопената чоколада додаете половина од приготвената смеса и добро измешајте.

Намачкајте го плехот со маргарин и рамномерно распоредете ја смесата во која има чоколадо. Преку оваа смеса распоредете ја и белата смеса.

Глазура

Растопете го чоколадото за готвење и маргаринот на ниска температура и прелејте го колачот.

Почекајте да се излади и да се стегне бајадерата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi