Посни крофни
21 март, 20140
Состојки:
400 гр брашно
250 мл млака вода
25 гр свеж квасец
4 лажици шеќер
1 чаша зејтин
Подготовка:
Замесете тесто од состојките и оставете го на топло, да нарасне. Размесете тесто со дебелина од 2 см и со помош на чаша извадете ги крофничките. Остaвете ги да отстојат уште малку и потоа печете ги во загреан зејтин. Посипете ги со шеќер во прав.