Потпечени шпагети

10 мај, 20140
18

Состојки:
едно пакување шпагети
3-4 колбаси
100 грама печурки
главица кромид
¼ лажичка лут црвен пипер
3 шољи пире од домати
половина шоља вода
1 лажица маслиново масло
шоља пармезан
2 јајца
шоља рикота
2-3 шољи моцарела

Подготовка:

1. Во тенџере на оган загрејте вода во која ќе ги варите шпагетите. Колбасите насечете ги на кругчиња и пржете ги во тава на средно силен оган. Кога ќе бидат готови извадете ги на салфета. Во друга тава ставете малку масло па додајте го исецканиот кромид и печурките. Динстајте повремено мешајќи. Кога кромидот ќе омекне додајте го црвениот пипер, пирето од домати, водата и колбасите. Намалете го огнот и гответе 10-15 минути.

2. Шпагетите сварете ги ал денте ( да бидат малку тврди) бидејќи со печењето подоцна уште повеќе ќе омекнат. Сварените шпагети процедете ги и измијте ги со ладна вода. Во сад измешајте го маслиновото масло, пармезанот и јајцата.

3. Рерната загрејте ја на 180 степени. Во огноотпорен сад нанесете малку масло на дното, потоа ставете малку од подготвениот сос. Врз сосот ставете половина од шпагетите, па пак ставете сос. Така додека не ги потрошите сосот и шпагетите. На крај одозгора ставете ја рикотата и моцарелата.

4. Садот покријте го со фолија и печете 40 минути, а потоа тргнете ја фолијата и печете уште 20 минути. На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi