Рајски колач за студените зимски денови

6 февруари, 20140
29

Состојки:

Крем:

25 дкг чоколадо

20 дкг цврст нугат-лешник крем

7,5 дл слатка павлака

12 дкг сецкани лешници

Тесто:

3 јајца

3 лажици студена вода

10 дкг шеќер

7,5 дкг брашно

1,5 дкг какао

1 лажица прашок за пециво

2,5 дкг густин

Декорација:

1 лажица какао

10-15 Тофе бонбони

Крем: Нугат штанглата и чоколадото се сецкаат. Павлаката се загрева на пареа но не смее да зоврие. Тргнете го садот од оган, па додадете ги цврстиот нугат крем  и чоколадото па мешајте додека не се стопат. Префрлете го кремот во пластичен сад и оставете го во фрижидер најмалку 4 часа. Исецканите лешници се пржат во тавче без масло се додека не добијат златно-кафена боја. Префрлете ги во чинија и оставете ги да се оладат.

За тесто: Загрејте ја рерната на 175 степени. Жолчките одвојте ги од белките. Од белките се прави снег со 3 лажици вода. Полека се додава шеќер и се меша постојано. Жолчките една по една се додаваат во белките. Брашното, какаото, прашокот за пециво и густинот се додаваат внимателно со помош на сејалка. Додека го правите ова постојано мешајте со жица.

Садот за печење обложете го со хартија за печење, истурете го тестото и оставете нека се пече 20 мин. Печениот колач нека остане во отворена и изгасена рерна уште 5 мин. Кората се сече на пола, за да добиете две кори.

Во ладниот чоколаден крем додадете ги пржените лешници и со миксер мешајте се додека не добие цврстина. 2/3 од кремот се мачкаат врз кората, додадете ја втората кора и додадете го врз неа остатокот од кремот. Треба да отстои во фрижидер за да се стегне. Се декорира со какао во прав и Тофе бонбони.

Вака изгледа цврст нугат крем

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi