Рајски модар патлиџан со сирење
16 јануари, 20140
Состојки:
4 модри патлиџани
4 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
Магдонос
Босилек
Сол
Бибер
120 гр моцарела
100 гр горгонзола
100 гр рукола
200 гр моркови
200 гр интегрален леб
Подготовка:
Патлиџаните се сечат на неколку места како на фотографијата. Исецканиот лук се посолува и се меша со зачините и маслиновото масло, па со тој сос се полнат оворите на патлиџаните. Се печат 40 минути во загреана рерна на 180 степени. Кога ќе ги извадите од рерна, додадете рендана горгонзола и моцарела и вратете ги во рерна да се печат уште неколку минути, додека сирењето не се стопи. Во чинијата за сервирање додадете рукола и рендани моркови, а потоа и печениот модар патлиџан. Се служи со парче интегрален леб.