Сакате да научите да правите помфрит како тој од рестораните?

9 јануари, 20150
13

Помфритот е идеален додаток на главното јадење, но исто така е и одличен како закуска додека го гледате вашиот омилен филм. За да направите помфрит “како во рестораните” треба, пред да се испржи, до отстои околу 10 минути во многу ладна вода.
Потоа, исечениот компир, добро исушете го со крпа, пред да започнете со пржењето.
Помфритот добро процедете го од маслото и посолете го пред да го сервирате. Со тоа, ќе се избегне омекнувањето на самиот помфрит и ќе остане крцкав.
КАКО ДА ГО ИСПЕЧЕТЕ ПОМФРИТОТ ВО РЕРНА
Пржењето, како начин на подготвување на храната, не е препорачливо од нутриционистите, но на вкусот на пржени компирчиња тешко може да се одолее. Сепак, има начин компирот да биде многу вкусен, а да биде подготвен на поздрав начин.
Исечениот компир пред печење натопете го во изматена белка од јајце со зачини по ваш избор. Поредете ги компирчињата на хартија за печење или на масна тава. Печете ги во загреана рерна на 220 степени. Белката од јајцето ги прави покрцкави, а помфритот нема да биде воопшто масен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi