СЛАТКА ФАНТАЗИЈА: Кој може да и одолее на Снегулка?

15 април, 20140
5

Колачот од приказните се нарекува Снегулка малку кој ќе го остави рамнодушен

Од кујната на Лилјана Неидер имаат излезено многу слатки (и солени) мали ремек-дела.

Потребни состојки:

За тесто

Белка од јајце: 5

Шеќер: 5 лажици

Масло: 3 лажици

Ситно брашно: 4 лажици

Прашок за пециво: 1/2 кесичка

Топло млеко: 6 лажици

Чоколаден крем

Млеко: 4 дл

Чоколаден пудинг: 1 кесичка

Шеќер: 100 г

Чоколадо за готвење: 100 г

Маслац: 125 г

Крем од жолчка

Жолчка од јајце: 5

Шеќер: 100 г

Брашно од скроб, густин: 4 лажици

Млеко: 5 дл

Шипка ванила: 1

Маслац: 125 г

Премаз

Шлаг пена: 2 кесички

Кокос или чоколадо

Припремање

Рерната загрејте ја на 175 °C

Тесто: белките изматете ги цврсто. При крај постепено (и понатаму мешајќи) замешајте го шеќерот и маслото. Брашното и прашокот за пециво измешајте ги и внимателно додадете ги на белките. Тоа направете го со рачна маталка (не со миксер). Сад за печење (20 x 30 см) намачкајте го со маслац, посипете го со брашно, ставете го тестото, израмнете го и печете го околу 15 минути. Топлото тесто прелијте го со 6 лажици топло млеко.

Чоколаден крем: пудинг, шеќер и 1 дл млеко убаво измешајте ги. Остатокот од млеко загрејте го. Млекото тргнете го од шпоретот, замешајте го пудингот во него, со постојано мешање варете го 1,2 минути. Во врелиот пудинг додадете искршено чоколадо и мешајте ги додека чоколадото не се растопи. Оставете да се олади. Повремено промешајте, да не се створи кора. Маслацот пенасто измешајте го постепено додавајќи му го пудингот и непрестано мешајте го.

Крем од жолчка: жолчките од јајце, шеќерот, брашното од скроб и 1 дл млеко убаво измешајте ги. Шипката од ванила исечете ја по должина и сржта од ванилата истругајте ја. 4 дл млеко, сржта и шипката од ванила ставете ги да зовријат. Тргнете ги од шпоретот, извадете ја шипката од ванила и замешајте ја масата со жолчката. Потоа вратете го ова на шпоретот и гответе го околу 5 минути, односно додека кремот не стане доволно густ. Варениот крем оставете го да се излади. Повремено промешајте го да не се створи кора. Маслацот пенасто измешајте го и соединете го со оладениот крем.

Премачкување: 2 кесички шлаг изработете го по упатство. Тестото премачкајте го со чоколадниот крем, израмнете, на тоа ставете ја кремата со жолчки, израмнете, премачкајте го со шлагот и посипете со кокос или рендано чоколадо.

Напомена: колачот може да се пече и во калап за торти големина 26 см.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi