Сникерс штангли

30 мај, 20140
12

Состојки:

300 g шеќер
2,5 dcl вода
250 g маргарин
100 g чоколадо
400 g бисквити
300 g сечени, несолени, печени кикирики
две лажички мед

За глазура:

150 g чоколадо
четири лажички зејтин
20 g маргарин

Подготовка

Ставете на шпорет шеќер и вода, толку што шеќерот ќе се истопи. Додадете маргарин и чоколадо да се стопат. Тргнете ги од оган и додадете 400 г. раздробени бисквити и 300 грама кикиритки. Топлата смеса ставете ја во тепсија.  Израмнете ја и премачкајте со две лажички мед, па ставете глазура: на тивок оган стопете 150 г. чоколадо, 4 лажички зејтин и 20 грама маргарин, па глазурата нанесете ја врз колачот. Додека не е зацврстено чоколадото, додадете ги кикириките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *