Сочни шницли со павлака

11 мај, 20140
8

Потребно: 
● 2 главици кромид
● чешне лук
● 4 свински шницли (по 160 грама)
● 3 лажици масло
● сол, бибер
● 2 дл. павлака
● 2 гранчиња мајчина душица

Подготовка: 
● Излупете го кромидот, па едната главица исечете ја на кругови, а другата на коцки. Излупете го и лукчето и него исечете го на коцки.

● Месото испржете го на врело масло, во голема тава за пржење. Кога ќе бидат при крај со пржењето, во тавата додајте ги круговите кромид и пржете уште малку.

● Кога месото и кромидот ќе се испржат извадете ги, а во истата тава додајте ги преостанатиот кромид, исецкан на коцки, и лукчето , и пржете околу две минути, потоа посолете и зачинете со бибер. Додајте ја павлаката и сокот од лимон, па сите состојки добро испасирајте ги. 

● Измијте ја мајчината душица и додајте ја во сосот, па оствете да се вари 5-10 минути, а потоа зачинете го. 

● Послужете го сосот заедно со шницлите и круговите кромид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi