Сок од грозје
22 септември, 20140
Потребни состојки:
- 5kg црно грозје
- 1,5l вода
- 800g шеќер
- 20g лимонтус
Постапка:
Одвојте ги зрната грозје, па кратко измешајте ги во електрична мешалка. Додајте ја водата и испасирајте ја смесата.
Добиениот сок ставете го во длабок сад, исчистете го од семките и лушпите кои ќе излезат на површина, па додајте го шеќерот и лимонтусот. Варете додека течноста не зоврие.
Жешкиот сок ставете го во стаклени шишиња и добро затворете.
Брзо и едноставно, а корисно. Освен како сок, овој сируп од грозје може да го користите како сос за десерти.