Совршениот омлет на Џејми Оливер

10 април, 20140

Во еден сад ставете јајца, сол и црн бибер и изматете ги добро со вилушка.

Во нелеплива тава (тефлонска или слична) додадете една лажичка маргарин и растопете го на оган со средна јачина. Многу е важно омлетот да не го готвите на рингла уклучена на најсилно. Кога маргаринот ќе се растопи додадете ја во тавата смесата со јајца.

Оставете ја смесата во тавата околу 25-30 секунди без да ја мешате воопшто. Кога ќе почне јајцето малку да се запекува, со шпатула внимателно буткајте ја смесата од надвор према внатрешноста на тавата. На тој начин смесата од јајце што останала недопечена ќе допре до тавата и ќе може да се испече.  Повторете го истото движење околу 10 пати или приближно 1 минута.

Потоа оставете го омлетот уште малку да се запече, меѓутоа важно е горниот слој да е сеуште малку влажен и сочен.

Потоа врз половината од тавата изрендајте кашкавал. Најдобро е да изберете кашкавал за пица кој брзо се топи. По желба можете да додадете и некој сецкан зеленчук, сланина и слично.

Со шпатулата внимателно превиткајте го омлетот на половина.

Внимателно префрлете го омлетот во чинија и послужете го веднаш со некоја свежа салата.

Еве како Џејми Оливер готви совршен омлет:

httpv://www.youtube.com/watch?v=AgHgbn_sVUw

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi