Стапчиња со чајна салама

26 октомври, 20140
3

Состојки
• 300 г брашно
• 150 мл млеко
• 1/3 коцка свеж квасец
• 2 лажици масло за готвење
• 70 г чајна салама
• 70 г биено сирење
• 1 лажичка шеќер
• малку млеко (за премачкување на стапчињата)
Подготовка
1. Чајната салама исечкајте ја на мали коцки, а биеното сирење изрендајте го.
2. Во подлабок сад, ставете ги сите состојки и замесете потврдо тесто. Покријте го со крпа и оставете го на топло, бареме еден час или се додека дупло не нарасне.
3. Стасанато тесто поделете го на десет идентични топчиња и секое топче, со помош на раце, ролувајте го за да добиете форма на стапчиња.
4. Тавата за печење обложете ја со мрсна хартија и ставете ги стапчињата. Оставете ги околу 15-тина минути или се додека не се загрее рерната.
5. Пред печење, намачкајте ги со млеко за добиете рустичен изглед. Печете ги на 200 степени околу 15-20 минути или се додека не добијат златна боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi