Торта со афион

25 август, 20140
9

Состојки:

  • 3 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр мелен афион
  • 300 мл млеко + 6 лажици топло млеко за посипување
  • 150 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 200 м масло
  • 6 лажици џем

Глазура:

  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло
  • 10 лажици хопла
  • 2 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Рерната се загрева на 180°. Се одвојуваат жолчките од белките. Жолчките се матат со шеќер и ванилин шеќер. Им се додава маслото и брашното измешано со прашокот за пециво.
Млекото се загрева и кога ќе биде топло се попарува мелениот афион. Се меша убаво и се додава на смесата со јајца.
Белките се матат со малку сол додека не се добие цврст снег. Внимателно се мешаат двете смеси. Добиеното тесто се излева во плех за торта (26цм) претходно премачкан со масло и посипан со брашно. Се пече околу 35 минути, со чачкалица се проверува дали тестото е печено.
За глазурата: се мешаат сите состојки на најслаб оган додека не се добие густа и мазна глазура.
Испечената торта со нож се сече хоризонтално на 2 дела. Едниот дел се премачкува со 3 лажици топло млеко и 3 лажици џем. Врз џемот се става 1/3 од чоколадната глазура. Се поклопува со втората кора, пак се премачкува со 3 лажици топло млеко и 3 лажици џем и се филува со остатокот од чоколадната глазура. Тортата се остава да се излади и да се стегне глазурата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi