Торта со јаболка

21 септември, 20150
3

Состојки
• 650 г јаболка
• 100 г брашно
• 1 лажичка прашок за пециво
• 50-100 г шеќер
• 2 јајца
• 100 мл млеко
• 1 лимон
• прстофат сол
• малку шеќер во прав (за наросување)
Подготовка
1. Во подлабок сад, измешајте го брашното и прашокот за пециво. Додадете шеќер, кора од еден лимон, млеко и 2 жолчки. Со миксер, смесата добро измешајте ја.
2. Јаболката измијте ги, излупете ги и исечкајте ги помали парчиња. Додадете ги во смесата со брашно.
3. Настрана, изматете ги двете белки со прстофат сол. Внимателно,мешајќи со дрвена лажица, додадете ги белките во смесата со јаболка.
4. Тавата за печење (22 см) обложете ја со хартија за готвење. Истурете ја смесата и печете во загреана рерна околу 40 минути. За да бидете сигурни, боцнете со чечкалица, доколку е сува значи дека тортата е испечена.
5. Оставете ја да се олади, посипете ја со шеќер во прав и сервирајте ја тортата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi