За оние на диета: Нискокалорични палачинки
29 јули, 20140
Состојки:
¼ чаши брашно од соја
3 лажици пченкарно брашно
2 лажици мелени бадеми
1 лажици сода бикарбона
½ лажици масло
малку сол
1 јајце
½ чаши нискомаслено млеко
1 ½ лажиче ванилин екстракт.
Начин на приготвување:
Изматете ги со помош на миксер јајцето, млекото, маслото и ванилиниот екстракт.
Додадете ги сувите состојки и миксирајте уште 1-2 минути.
Оставете ја смесата во фрижидер 15-20 минути.
Ставете нелеплива облога на тавата и печете ја секоја палачинка околу 2-3 минути од секоја страна.