Запечени јајца во бешамел сос
24 јануари, 20180
Состојки:
8 јајца
20 гр путер
1 лажица масло
30 гр брашно
300 мл обрано млеко
Бибер
Мускантно оревче
100 гр рендан кашкавал или пармезан
4 земички
800 мл сок од јаболко
Подготовка:
Со путерот и маслото се пропржува брашното, додадете млеко, зачинете и мешајте се додека бешамел сосот не ја добие потребната густина. Во огноотпорен сад додадете малку бешамел сос, изматете ги јајцата и исипете ги во садот, врз тоа додадете повторно бешамел сос, а на крај рендан кашкавал или памезан. Се пече околу 15 минути на 200 степени. Се сервира со земички и сок од јаболко.