Дечињата од Замбија за прв пат во животот пробуваат чиста вода

18 јули, 20140
Дечињата од Замбија за прв пат во животот пробуваат чиста вода

Боси, гладни и изморени, тие се принудени да пешачат по 3-4 километри за да дојдат до неколку кофи вода со ужасен вкус, мирис и илјадници бактерии.

„Додека одам, замислувам дека одам на училиште,“ раскажува едно девојче кое веќе 10 години го живее овој кошмар.

Таа сонува да биде докторка, нејзиниот брат посакува да биде едуциран учител, а уште неколку илјада дечиња го делат истиот сон за едукација и подобар живот.

Проектот кој започна на почетокот на оваа година, понесен од тажните животни приказни, има една единствена цел – да им обезбеди чиста вода на дечињата во Замбија и уште 40.000 други луѓе кои секојдневно сонуваат за неа.

Не верувате дека една голтка чиста вода значи живот? Подгответе се за трогателна приказна која ќе ве остави во солзи:

httpv://www.youtube.com/watch?v=bg1iLMnKD-4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *