Една година по разводот, Путин призна: “Вљубен сум!”

19 декември, 20140
22
Приватниот живот на Владимир Путин е табу тема во руските медиуми, но синоќа, рускиот претседател сепак одговорил на новинарското прашање, признавајќи дека е лудо вљубен!

Имено, во рамките на годишната претседателска конференција за медиумите одржана синоќа во Русија, еден од новинарите го прашал рускиот претседател Владимир Путин дали тој има време за спротивниот пол. Шеесет и двегодишниот претседател одговорил: “Секако дека имам!”.


Рускиот претседател и еден од највлијателните луѓе во светот потоа пред новинарите признал дека е заљубен, односно дека некој исто така е вљубен во него, но притоа тој одбил да го открие идентитетот на мистериозната партнерка, пишува ”Daily Mail”.

Медиумите пренесуваа дека рускиот претседател официјално живее самечки живот, по минатогодишниот развод од неговата сопруга Људмила, со која тој беше во брак цели 30 години.

Сепак, во Москва веќе со години циркулираат гласините дека Путин е во долгогодишна врска со поранешната гимнастичарка Алина Кабајева.

 


Кога пред шест години ваквите гласини за првпат се појавиле во јавноста, во тоа време оженетиот Путин истите жестоко ги демантирал, изјавувајќи дека нема време “за оние кои што со своите носови и еротски фантазии ѕиркаат во туѓите животи”.
 

 


Сепак, синоќа пред новинарите Путин раскажал дека неодамна еден пријател му го поставил истото прашање: “Пријател од Европа, важна личност, неодамна ме праша: “Слушај, имаш ли љубов во својот живот?””.

“Го прашав на што точно мисли, на што тој ми кажа дека го интересира дали јас сакам некого. Му одговорив потврдно”, раскажал Путин.

“”Те сака ли тебе некој?”, ме праша потоа пријателот, на што повторно одговорив потврдно. Тогаш веројатно заклучи дека не сум подивел целосно и пред да ја испие вотката, додаде: “Фала му на Бога, се е во ред!””, додал рускиот вљубен претседател.

Се досега, во Кремљ одбивале да зборуваат за приватниот живот на Путин, одбивајќи да ги коментираат и се почестите гласини дека тој има второ, тајно семејство.


Инаку, Путин има две возрасни ќерки од бракот со својата поранешна сопруга, меѓутоа тие две никогаш не се појавуваат во јавноста. Рускиот претседател тврди дека останал во добри односи со Људмила, односно дека редовно се гледаат.

“Децата да не ги споменувам. Се гледаме често, но не онолку често колку што би сакал јас. Сепак, се е во ред”, изјавил Путин.

 

https://www.youtube.com/watch?v=nw6edy7-n9g

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi