Кинески сателит го снимил местото на уривање на исчезнатиот авион! (видео)

13 март, 20140
Кинески сателит го снимил местото на уривање на исчезнатиот авион! (видео)

Кинескиот сателит кој трага по исчезнатиот авион “Малезија ерлајнс“ ги снимил остатоците на авионот во море, после 5 дена потрага по Боингот 777 со 239 патници, соопштила кинеската државна агенција, а пренесува CNN.

Кинескатадржавна администрација за наука, технологија и индустрија за национална одбрана објави фотографии за кои се наведува дека дека се „три сомнителни објекти кои плутаат” и нивните димензии“, известила Синхуа, а пренесе и СНН

Објектите се со големина 13х18 метри, 14х19 метри и 24х22 метри.

Сликите биле забележани на 9 март, еден ден по исчезнувањето на авионот, а првпат се објавени синоќа.

Кинеската агенција ги дала и координатите на детектираните објекти и тие се лоцирани североисточно од Малезија и јуно од Виетнам.

Два виетнамски авиони беа испратени во реонот каде кинески сателит забележал некакви останки за кои се претпоставуваше дека му припаѓаат на исчезнатиот малезиски „Боинг-777“, но ништо не откриеле.

Авионите „Антонов 26“ во период од три часа повеќепати го надлетале реонот над Јужно Кинеско Море, но не успеале да откријат никакви предмети.

Во меѓувреме, кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави дека потрагата по малезискиот авион, кој исчезна во саботата, ќе продолжи.

– Ние нема да се откажеме и ќе ја истражуваме и најмалата трага, која ќе биде откриена, изјави Ли на прес-конференција во Пекинг.

Авионот со 239 патници го изгубил контактот со контролата на летање во Ханој во саботата рано утрото, еден час по полетувањето од Куала Лумпур на пат за Пекинг.

httpv://www.youtube.com/watch?v=iDRmt-ZmoTs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *