Дваесетина девојки приведени од околината на Гостивар!

20 мај, 20140
Untitled54

Според СВР Тетово, акцијата за откривање на лица кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето и нивна евентуална инволвираност во трговија со луѓе, затекнати се осум странски државјанки (шест од Република Србија и две од Босна и Херцеговина) и 13 од нашата земја (од Скопје, Куманово, Струмица и Кичево).

Странските државјанки на возраст од 23 до 30 години, во објектите биле ангажирани како пејачки, танчерки, келнерки.

По нивното приведување и задржување во Полициската станица Гостивар, тие се предадени на натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, а попладнето седум од странските државјанки депортирани се во нивните матични земји, додека една е задржана во Транзитниот центар во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *