„Мишо сине мој, славеше роденден па замина во смрт!“
16 декември, 20140
Пријателите и семејството на едно од младите момчиња кои во саботата настрадаа во страотна сообраќајка, му оддадоа последна почит. Дваесет и четири годишниот Михајло Шариќ од Бегеч, Србија, беше испратен од повеќе од стотина луѓе кои се завиени во тага и болка.
– Мишо мој, сине мој… немој да си одиш од мене… Леле што ме снајде… славеше роденден, а потоа замина во смрт… Ова мајкиното срце не може да го издржи… низ солзи извикувала мајката на трагично настраданото момче.
Пријателите кои се испраќаа од Михајло велат дека не боли смртта туку она што останува потоа, а не останува ништо освен празнина.
– Беше мирно момче, сакаше музика и спорт… деца тргнете се од бесните автомобили… вели еден од неговите роднини скршен од болка.