Најголемите затајувачи на данок живеат во луксуз, а државата ништо не им може!?

17 октомври, 20140
14

Американското судство останува немоќно пред најголемите затајувачи на данок, бидејќи процесите кои со години се водат против нив чинат милиони долари.

Според податоците на американските органи за даночната управа, вредноста на неплатените долгови на американските затајувачи достигнува 97 милијарди долари, пренесе WallStreet Journal. Меѓу најпознатите затајувачи на данок кој до денес го нема исплатено долгот е Џордан Белфорд, автор на автобиографскиот роман „Волкот од Вол Стрит“, кој го екранизираше Мартин Скорсезе, со Леонардо ДиКаприо во главната улога.

Џордан Белфорд, кој со 26 години стана мултимилионер заработувајќи илјадници долари во минута, а со 36 години заврши во затвор должејќи пари на оштетените клиенти, сума од 110 милиони долари.

Белфорд кој е осуден уште во 2003-та до денес платил само десет отсто од својот долг.

Милионерот Пол Билзеријан, немилосрден претприемач и виетнамски ветеран кој во 1988-та прв пат е затворен поради затајување на данок, кој би требало да плати 62 милиони долари казна, до сега исплатил само 3,7 милиони долари, а му останува 95 отсто долг кон Американската комисија за берзански трансакции.

Оваа институција неодамна изјави дека не очекува повеќе исплата од долгот на Билзеријан бидејќи во изминатите 25 години потрошила осум милиони долари на овој спор. Неговиот син стана популарен со тоа што се расфрла со пари, жени и оружје, а притоа истото го објавува на социјалните мрежи.

Во интервју за американските медиуми, на прашањето на новинарот како успева да го избегне плаќањето на данок тој кратко објасни: „Не мислите најверојатно дека сум толку глупав за да отворам банкарски сметки на мое име“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi