Оваа Албанка е кралица на кокаинот на три континенти

23 октомври, 20140
10
Валентина Туфина со прекар “тетка”, која се смета за мозокот на албанските нарко-дилери и која на Космет направила лабораторија за преработка на хероин и кокаин, се појавила на потерница на Интерпол иако се наоѓа зад решетки во Приштина.

Валентина Туфина била уапсена во јуни оваа година од косовската полиција и се смета за “мозокот” на моќните нарко дилери кои имаат развиена мрежа преку Латинска Америка во Европа.

И покрај тоа што е зад решетки, Интерпол овие денови објавил дека таа е меѓу луѓето за кои е распишана потерница.

Инаку позната по прекарот “тетка”, Валентина Туфина патувала на три континенти во период од еден месец за да тргува со хероин и кокаин.

Според обвинителството, таа се товари за тешки кривични дела. Во рок од еден месец патувала седум пати, во неколку земји од Европа, Кина и Австралија, а потоа и во Соединетите Американски Држави.

50-годишната Туфина, по струка е хемиски инженер. Обвинителството наведува дека таа раководи со количината и цената на кокаинот.

Осомничената била уапсена на Косово, каде што направила лабораторија за преработка на кокаин и хероин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *