Потресната вистина за жените во Камбоџа – Земјата во која цвета сексуалниот туризам

23 октомври, 20140
Потресната вистина за жените во Камбоџа – Земјата во која цвета сексуалниот туризам

Камбоџа е земја во која цвета сексуалниот туризам, евтините проститутки и големиот број на жени кои заработуваат на овој начин се клучните фактори за развитокот на оваа индустрија.

„Индустријата на проституцијата има повеќе нивоа. Во првото ниво спаѓаат уличните проститутки кои оралниот секс го наплаќаат за неколку долари. Потоа, следат борделите, по нив се салоните за масажа, додека на последно место се баровите во кои илјадници жени секојдневно ги продаваат своите тела“, вели Сурош Алви, новинар од Vice кој направи документарен филм во Камбоџа токму на оваа тема.

Американската влада со години бара од Камбоџа да вложи повеќе труд во борбата против трговијата со луѓе. Секоја година САД вложуваат 600 милиони долари во борбата, а во 2008 година е покрената кампања против трговијата со луѓе.

За девојките за кои постојат сомнежи дека се жртви на трговија со луѓе постојат две опции, првата е да ја прифатат програмата на кампањата за оспособување за работа , а втората да ја одбијат понудата и да останат во милост на корумпираната полиција.

Повеќето жени ја бираат првата опција, но понекогаш некои работи не се онакви како што на прв поглед изгледаат.

„Сфативме дека некои жени едноставно не сакаат да бидат спасени. Обуката низ која минуваат се однесува на работа во фабрики за шиење, работа што не е платена, физичка работа долга по неколку смени“, вели Алви.

„Ме убедуваа дека обуката ќе ми го промени животот, но тоа место беше како затвор. Јас морав да го прехранувам семејството“, вели поранешната проститутка Пол Фоли која набргу ја напуштила работата која не била со месеци платена.

Индустријата со облека во Камбоџа вработува повеќе од половина милион луѓе и претставува 80 проценти од вкупното производство на земјата. Обуките за работа во фабриките за шиење се нов облик на ропство бидејќи се платени само 80 долари месечно.

Токму затоа многу жени ја напуштаат обуката и повторно влегуваат во синџирот на проституција во која заработуваат 8 долари по клиент.

Станува збор за модерно ропство во кое работничките не успеваат да ги прехранат своите семејства, додека фабриките за облека и познатите брендови ја искористуваат лошата состојба на народот и овде ја шијат облеката што потоа ја продаваат низ светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi