Пронајден гробот на Александар Македонски!

2 мај, 20140
alexander-460x307-460x272

Локалитетот се наоѓа во област позната како Kom el-Dikka во центарот на Александрија.

Според  „World news daily report“ мавзолејот најверојатно бил скриен и запечатен во 3 или 4 век н.е. за да биде заштитен од христијанската репресија и деструкција на паганските споменици, по официјалната смена на религиите во Римското царство.

Натписите се генерално на старогрчки, но има неколку со египетски хиероглифи, кои спомнуваат дека мавзолејот е посветен на „Кралот на кралевите, Освојувачот на светот Александар III“.

Мавзолејот содржи остатоци од фрагментиран саркофаг изработен од кристално стакло, 37 оштетени коски и фрагменти од керамика кои потекнуваат од Птоломејскиот и Римскиот период. Серија од тестови вклучувајќи и С-14 анализа ќе утврдат дали коските се оние на овој голем војсководач.

Египетскиот Врховен совет за антиквитети веќе официјално има признаено повеќе од 140 неуспешни обиди да се пронајде гробот на Александар.

Ова ново откритие од Полскиот Центар би можело да биде едно од најважните во историјата на земјата.  Ако коските навистина испаднат оние на Александар, важноста на ова неверојатно откритие вртоглаво ќе се зголеми, што би го направило едно од најважните откритија во историјата на археологијата, ако не и најважното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi