Се напил и си легнал во кревет покрај непознат маж во погрешна куќа

28 октомври, 20140
17
Сопственикот на куќата, кој се разбудил збунет му кажал на момчето да го напушти неговиот дом, но тоа одбило…

Дваесет и шест годишниот американец, Тајлер Саливен, бил уапсен во алкохолизирана состојба откако влегол во погрешна куќа и си легнал на креветот покрај сопственикот.

Сопственикот кој веќе спиел на креветот, кога се разбудил се шокирал и веднаш повикал полиција, пренесуваат американските медиуми.

Според полицијата, Саливен мислел дека влегува во куќата на својата мајка во Клинтон, во сојузната држава Конектикат. Сопственикот на куќата, кој се разбудил целиот збунет му кажал на Саливен да го напушти неговиот дом, но тој одбивал.

Сопственикот потоа повикал полиција и го уапсиле Саливен кој цврсто одлучил да спие во креветот кој го нашол.

Обвинет е за непочитување на приватен имот и кршење на јавниот ред, по што бил пуштен со кауција, пренесува Daily News.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi