Семејната драма која ја потресе Хрватска: Имам рак, но не се лекувам, сакам да страдам и да умрам, како што страдаше и умре мојата Маријана

26 ноември, 20140
Семејната драма која ја потресе Хрватска, но и целиот регион, сега повторно се најде во судницата, а новото судење носи уште по шокантни и попотресни сведоштва.

Имено, педесет и осумгодишниот Јосо Грегуриќ повторно е доведен на обвинителската клупа во судот, откако е наредено повторно судење за убиството на неговата тешко болна и неподвижна ќерка, дваесет и тригодишната Маријана.

“Имам тумор на мочниот меур, четири пати сум опериран. По последната операција, во март годинава, јас повеќе не одам на лекување, на препишаните терапии. Сакам болеста да се прошири и на другите органи, сакам да страдам и да умрам, како што страдаше и умре мојата ќерка Маријана”, посведочил Јосо.

Несреќниот татко од Сисак, на кого повторно му се суди поради обвинението дека на 8 октомври 2012 година ја убил својата тешко болна и неподвижна ќерка, со овие зборови одговорил на прашањето на судијката за неговата здравствена состојба и на тој начин ги шокирал сите присутни во судницата.

Во текот на својот исказ, Јосо продолжил да сведочи дека чека и него Бог да го земе, повторувајќи: “Мојата Маријана страдаше три години. Сакам и јас да страдам”.

Повторната судска расправа пред судот во Сисак траела околу четириесет минути. Грегуриќ претходно веќе бил осуден на двегодишна затворска казна, меѓутоа врховниот суд ја укинал наведената пресуда поради несовпаѓања на првичниот записник со објавената пресуда.


Пред судењето, во ходникот на Судот, Јосо Грегуриќ, седејќи сам на клупата, далеку од сите, на репортерите од ”Jutarnji List” им рекол: “Уште еднаш морам сето тоа да го поминам, како ќе издржам”.

Не успевајќи да ги сокрие солзите и тешката болка, запрашан за тоа дали се чувствува виновно, Јосо одговорил: “Не знам што да кажам, тоа го знае само Бог. Очекувам само Божја и судска казна”.

Во рамките на својот исказ, Јосо нагласил дека останува достоен на своето претходно сведочење, истакнувајќи дека постојано пред очите му се појавуваат страдањата низ кои што поминала неговата ќерка.


“Лежеше неподвижна во креветот, сместена веднаш покрај мојот кревет. Во текот на целиот ден ги гледав нејзините страдања, 24 часа, цели три години. Нејзиното страдање и мене ми создаваше неподнослива болка, па затоа го направив она за кое што ме обвинувате дека сум го направил. Но, јас не престанав да се молам мојата ќерка да оздрави”, изјавил Јосо.

“Иако не можевме да комуницираме, во нејзините очи можев да ја прочитам молбата за помош, молбата да и помогнам да си оди, да го прекинам нејзиното тешко страдање”, завршил Јосо Грегуриќ.

На прашањето зошто и тој сакал да се убие, Јосо одговорил: “Не знам, веројатно сакав да отидам со неа”.


Новата пресуда ќе биде објавена во четврток, на 27 ноември во 9 часот. Со претходната пресуда донесена во 2013 година, Јосо бил прогласен за виновен и казнет со двегодишна казна затвор. Судот одредил една година тој да помине во затвор, а втората година да биде пуштен на условна слобода, што воедно е и најмалата можна казна за стореното казниво дело – убиство.

По спроведената истрага било утврдено дека Јосо Грегуриќ ја убил својата ќерка Маријана, давајќи и неутврдена количина на таблети преку сондата за хранење и пресекувајќи и ги вените на левата рака.

Судијката образложила дека убиената Маријана цели три години била во кома и состојба на вегетирање, нагласувајќи дека ја разбира болката на таткото и трагедијата на семејството, но таа истовремено истакнала и дека хрватскиот закон не познава убиство од “сожалување” и дека казната поради убиство едноставно е невозможно да се избегне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi