Шокантни теории за исчезнувањето на авионот!

13 март, 20140
malaysia-search-plane

1. Мобилните телефони на некои од патниците сè уште ѕвонат, со авионот владеат натприродни сили

Роднините и пријателите на дел од патниците велат дека успеале да ги контактираат своите најблиски преку инстант сервисот за пораки наречен QQ, пренесува Washington Post. Други се обиделе да им се јават, а телефоните на патниците ѕвонеле.

Дали мистериозното ѕвонење значи дека патниците се киднапирани и сè уште се живи? Или станува збор за натприродни сили?

2. Авионот е киднапиран од вонземјани

Постои тврдење дека портал од друг свет го проголтал авионот.

„Ако никогаш не пронајдеме остатоци од него, тоа значи дека непозната сила е присутна на нашата планета која може без никакви докази да отстрани авион од небото”, напишал еден блогер.

3. Несреќна судбина

Исчезнувањето на авионот однапред е запишано во формирањето на вселената, сметаат некои луѓе. Reddit е преполн со коментари опседнати со математички калкулации поврзани со трагедијата.

„Летот 370 исчезна на 7.3. на патување од 3.700 километри. Летал со висина од 37.000 стапки. Луиџи Маларди има 37 години и е еден од луѓето чиј пасош е украден. Со Malasyia Airines во просек патуваат 37.000 патници дневно. Денес почнува 37 месец од трагедијата во Фукушима која предизвика 37 повреди во електраната”, е објаснето на Reddit.

4. Авионот е киднапиран од Северна Кореја

Една од теориите е дека Северна Кореја го киднапирала авионот и дека тој слетал во Пјонгјанг. Во 1969 година Северна Кореја навистина киднапираше авион. Еден корисник на Reddit вели дека авионот имал доволно гориво за да одлета во Северна Кореја.

5. Илуминатите се виновни

Како најлоша сила во светот се сметаат Илуминатите кои злосторството го направиле во комбинација со портал/вител од друг свет кој тие го контролираат, заедно со вонземајните. А некои блогери сметаат дека и окултистите се вмешани заедно со илуминатите.

И додека сме во недостиг на докази за тоа што навистина се случило со авионот, не се исклучува можноста тој да експлодирал на голема висина, пишува Time.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi