Снег ја окова Америка

24 ноември, 20140
Снег ја окова Америка
По неколку дена снежно невреме, кое ги погодило североисточните делови на САД, снегот достигнал висина и до еден и пол метар, а метеоролозите предупредуваат на можни поплави по неговото топење.

Метеоролозите предвидуваат дека од денес би можеле да започнат врнежи од дожд, проследени со зголемени температури.

Властите во Њујорк известиле дека некои од зградите можеби нема да ги издржат обилните дождови.

Според дописникот на една британска мрежа, на крововите од куќите има премногу снег, кој по дождот само ќе стане потежок, па постои ризик од рушење на куќите.

Според последните податоци, во снежното невреме во Њујорк животот го загубиле 13 лица. Во Бафало, за само 3 дена паднало снег колку што обично паѓа во период од една година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi