Најмладите родители! Таа стана мајка на 12 години!

8 август, 20180
6

Девојчето останало бремено на 11 години од момче само една година е постаро од неа! Тие станаа најмладите родители во Британија откако неодамна им се роди ќерка, пренесува Дејли Мејл.

Мајката на 12-годишното девојче има само 27 години и стана најмладата баба!

Најмладите родители во Британија, чии имиња не се откриваат поради возраста, Велат дека се многу вљубени. Дванаесетгодишната мајка и 13-годишниот татко велат дека ќе останат заедно, ќе влезат во брак и заедно ќе го одгледуваат своето дете.

– Ние дознавме дека нашата ќерка е бремена само пред еден месец. Тогаш беше во осмиот месец од бременоста. Ова бебе безусловно доаѓаше на свет. Моравме да ѝ дадеме поддршка. Семејствата од двете страни решија да помогнат. Ни го крши срцето, но не можеме да го вратиме времето назад – вели таткото на девојчето за радио „Ел-Би Си”.

– Не знаеме како се случило да забремени. Не можеме да ја контролираме по 24 часа на ден – додава тој.

Младата мајка на новороденчето има тригодишна сестра и 9-годишен брат. Нејзините соученици биле шокирани од веста дека таа има бебе – одела на училиште до пред еден месец и не изгледала бремена. Во 2012 година во Британија забремениле 27.834 девојчиња на возраст под 18 години. Од нив 253 биле на возраст под 14 години!

– Девојчињата влегуваат порано во пубертет. Толку раното породување може да доведе до ризици за здравјето. Им го одзема детството. Не е крај на светот, но тие ќе зависат од други, финансиски и емоционално. Секогаш тинејџерските родители ми велат дека многу си ги сакаат децата, но да можеле да избираат, би почекале со нивното раѓање додека не станат финансиски независни – вели Хилари Панак од хуманитарната организација за тинејџерска бременост „Стрејт Токинг”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *