Во Северна Кореја не е така како што ни јавуваат во медиумите!

30 мај, 20141

Со оглед на тоа што овој новинар претходно го гледал документарецот за Северна Кореја направен од BBC во кој биле прикажани тажни луѓе кои живеат во изолација, фотографот наишол на вистинско изненадување кога самиот ја посетил земјата.

И за разлика од другите туристи во оваа комунистичка земја, Пан не морал да ги крие камерата и фотоапаратот бидејќи добил специјална дозвола да направи снимки и фотографии од Северна Кореја.

„Долго време бев љубопитен за Северна Кореја. Обичниот човек има видено повеќе фотографии од вселената отколку од Северна Кореја. Сакав самиот да откријам како изгледа животот во таа земја“, вели тој за Daily Mail.

Досега двапати ја посетил земјата, а оваа есен го планира и третото патување.

„Сега кога се вратив од второто патување сè уште постојат работи што не ги открив. Ја прошетав целата земја, тоа што го видов го фотографирав и ситуацијата воопшто не изгледа лошо како што мислев. Луѓето си ги вршат секојдневните обврски и сè изгледа нормално. Моите пријатели не ми веруваат и сметаат дека сè што сум фотографирал е една голема измама. Но, тоа нема никаква смисла. Зошто некој би наместил повеќе од илјада луѓе да прават нешто што изгледа дека го прават секојдневно?“, вели Пан.

Според него, најчестите стереотипи за луѓето во Северна Кореја се дека се сиромашни и бедни, но очигледно е дека тие водат најнормален живот, единствено што треба да подобрат е комуникацијата со надворешниот свет и останатите земји, смета фотографот.

One comment

  • zagoridividi

    30 мај, 2014 at 22:18

    ..ocigledno ovoj fotograf ja utnal drzavata.Za “eskluzivni fotografii” ne neka poveli kaj nas.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *