Вака Владимир Путин со еден потег ја загреал првата дама на Кина

11 ноември, 20140
111 copy
Додека Си Џинпинг разговарал со Барак Обама за време на свечениот огномет во Пекинг, Владимир Путин бил кавалер и со топла марама ја обвил првата дама на Кина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, е познат по добрите манири, па за време на свечениот огномет, на кој присуствувале сите високи учесници на самитот “APEK” во Пекинг, ѝ помогнал на првата дама на Кина, Пенг Лијуан, да го префрли топлиот шал преку рамо.

Огнометот го гледале на отворено, а температурата била едвај над нулата, па Путин веднаш ѝ помогнал на првата дама на Кина, на која очигледно ѝ било ладно.

Таа епизода, ласкава за претседателот на Русија, ја забележала камерата на CNN, што предизвикало љубомора во руските медиуми.

Сепак, Russia Today коментира дека CNN е единствениот голем медиум кој будно ги следи манирите на Владимир Путин, па така и во нив бара политичка конотација.

“Сè уште не е јасно какви биле намерите на Путин. Дали сакал да внесе топлина во односите Москва-Пекинг, или едноставно реагирал на временските услови”, коментира CNN, пренесува Russia Today.

View image on Twitter

Колку да се забележи, додека Путин бил џентлмен кон Пенг Лијуан, нејзиниот сопруг, претседателот на Кина, Си Џинпинг, разговарал со американскиот колега Барак Обама, а кинеските медиуми не пренеле ништо за гестот на рускиот претседател.

Своите манири претседателот на Русија ги покажал и минатата година во Санкт Петерсбург, кога со ќебе ја покрил германската канцеларка Ангела Меркел, потсетуваат агенциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *