Годишното време во кое сте родени влијае врз вашето расположение

29 октомври, 20140
17

Оние кои се родени во пролет и лето имаат подинамичен темперамент, од оние кои се родени во есен и зима.

Група на научници од Semmelweis универзитетот од Унгарија открија дека сезоната во која е роден еден човек може да игра голема улога во развивањето на определен темперамент или пореметување на однесувањето. Претходните истражувања покажаа дека нивоата на допамин и серотонин (невротрансмитери кои влијаат врз расположението) се под дејство на сезоната на раѓање.

-Ова нè натера да помислиме дека секоја сезона на раѓање има долгорочен ефект, изјави Ксенија Гонда, психолог и водач на истражувањето.

Резултатите покажуваат дека луѓето родени во лето имаат циклотимичен темперамент – брзи и чести промени во расположение за разлика од оние кои се родени во зима. Освен тоа оние кои се родени во пролет и лето имаат и хипертимичен темперамент или поедноставно кажано поседуваат високи нивоа на енергија и позитивност. Утврдено е дека родените во есенската сезона, се помалку депресивни од родените во зима. Од друга страна, зимските деца сè со помалку раздразлив  темперамент отколку оние од другите сезони.

Следниот чекор на научниците е да ги пронајдат генетичките маркери кои ќе дадат индикации за врската помеѓу сезоната на раѓање и пореметувањата на однесувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *