Ова е вистински пријател: Питбул спасил повредена чивава!

24 јули, 20140
3

Минувачите во градот Савана, Џорџија биле трогнати од глетката кога минатата седмица питбулот Џоани во уста го носел својот повреден пријател, чивавата Чачи по улица.
Службениците од контролата за животни виделе како Џоани од време на време го спуштал Чачи на земја за да му го излиже повреденото око.
Не се случува секој ден да видиме ваква посветеност помеѓу две кучиња. Тие се специјални. Прекрасни се – изјавила службеничката Кристина Сутерин.
Ветеринарите морале да го отстранат инфицираното око на Чачи и додека се опоравува одвоен е од Џоани иако од ветеринарната станица им дозволуваат да се видат на кратко секој ден.
Персоналот се фасцинирани од нивната врска и љубовта што ја имаат еден за друг – изјавиле ветеринарите.
Тие се навистина сродни души. Не се однесуваат вака и со другите кучиња, само еден кон друг – изјавиле ветеринарите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *