Предвидување на иднината според изгледот на прстите на дланката

1 октомври, 20140
5

Дали ќе верувате во она што прстите ви го откриваат зависи од вас, но факт е дека сите толкувања се интересни и издржани.

Започнуваме од најмалиот прст…

Малиот прст ви ги открива инстинктите и начинот на комуникација

Доколку малиот прст е свиткан во правец на домалиот, укажува на чувствителна личност со добра душа.

Доколку е оддалечен од останатите прсти значи дека личноста е независна и оригинална во се.

Натпросечно долгиот прст значи дека личноста е надарена за странски јазици и вешто се снаоѓа во секоја комуникација.

Доколку прстот е значително помал од останатите, укажува на недостаток самодоверба.

Врвот на прстот: Ако е долг, издава елоквентна, шармантна личност со голема моќ на перцепција, а ако е краток опишува срамежлива личност која има потешкотии во изразувањето.

Средниот  дел на прстот: Долгата средина често пати ги отсликува личностите кои се занимаваат со медицина, а краткиот претставува карактеристика за стабилните личности кои им се посветени на другите.

Коренот на прстот: Доколку е долг значи дека личноста посакува слобода и индивидуалност, додека краткиот ги изразува наивните и лесно доверливите личности.

Домалиот прст е симбол на креативност и совршенство

Доколку е со иста должина како средниот прст или подолг, ги претставува луѓето кои се разликуваат од масата, но и оние кои се склони кон лесни пари.

Краткиот домал прст е показател за личности кои по природа ја обожаваат естетиката.

Врвот на прстот: Ако е долг, ги издава креативните личности склони кон драматични животни ситуации, а доколку е краток укажува на смирена и практична личност.

Средниот дел на прстот: Долгиот ги открива личностите со вкус за стил и детали, додека краткиот значи недостаток на интерес за убавина и стил.

Коренот на прстот: Доколку е долг, ја симболизира личност со неверојатно чувство и вкус за стил и можно е од тоа да заработува, додека краткиот корен е симбол на практичните и едноставни личности.

Средниот прст го открива начинот на кој се однесувате кон материјалното богатство

Ако средниот прст е долг, покажува одлучен, способен и амбициозен човек кој е подготвен за сопствен бизнис.

Ако е краток, открива ексцентрична личност која се бунтува против општо прифатените норми.

Доколку е свиткан кон домалиот прст открива потреба за емотивна и материјална сигурност.

Доколку е малку пооддалечен од домалиот прст, укажува на личности кои од време на време ја сакаат самотијата.

Врвот на прстот:  Долгиот врв открива луѓе кои се полицајци, инспектори или истражувачи по професија, односно личности кои сакаат да ги откриваат скриените тајни и детали, додека краткиот врв на средниот прст се карактеристика за послушните луѓе кои сакаат да работат бавно и сигурно.

Средниот дел на прстот: Ако е тенок, открива личности кои добро се снаоѓаат со бројките, додека ако е подебел укажува на вљубеници во природата.

Коренот на прстот: Долгиот корен ги издава личностите со нагласена потреба за материјална сигурност, додека краткиот е карактеристика за личностите кои се внимателни со пари.

Показалецот го открива начинот на кој се разбирате себеси и на кој го гледате светот

Ако показалецот е свиткан кон палецот означува чесни и амбициозни личности.

Доколку е оддалечен од средниот прст открива независна личност склона кон филозофирање.

Доколку пак е свиткан кон средниот прст, укажува на грижливи и чувствителни личности.

Врвот на прстот: Долгиот врв укажува на интелектуални способности, па често пати овие личности имаат политичка или правна кариера. За разлика од нив, краткиот врв одговара на практичните, понекогаш и цинични лица свртени кон материјалната страна во животот.

Средниот дел на прстите: Доглиот дел значи вешт ум за управување на сите полиња, а краткиот значи лесна флегматичност и незаинтересираност, односно недостаток на упорност.

Коренот на прстот: Долгиот корен го имаат луѓето кои се талентирани за спорт и кулинарски вештини, додека краткиот корен е симболика на личностите кои размислуваат логично.

Палецот ја претставува волјата, логичката способност и виталноста на човекот

Свитканиот палец е одлика на личностите кои лесно се приспособуваат на другите, додека правиот и крут палец укажува на личности кои никогаш не се откажуваат од своите ставови.

Врвот на прстот: Долгиот ја опишува личноста како одлучна, додека краткиот укажува на несигурност.

Средниот дел на прстите: Доколку средниот дел е пократок од третиот дел укажува на личности кои се водени од инстинктите и чувствата. Ако е со иста должина како третиот дел, се работи за личност која е предводена од разумот и логиката. Но, ако средниот дел е подолг о д третиот, означува големи мислители кои често пати имаат потешкотии во реализирањето на идеите.

Кои се вашите карактеристики?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *