Приказна за една мајка која сакала да го убие своето бебе

28 јули, 20140
6

Една загрижена жена отишла кај својот гинеколог и го прашала:

“Докторе, имам озбилен проблем, и очајнички ми е потребна вашата помош! Имам бебе кое сеуште нема наполнето една година, а јас сум повтроно бремена! Не сакам да имам деца толку бргу, едно по друго!”

Докторот и рекол:

“Добро, и што сакаш од мене сега?”

“Сакам да извршите абортус, и да ставам крај на оваа бременост, и смeтам на вас дека ќе ми помогнете!”

Докторот се замислил, и по долга тишина тој и рекол:

“Јас имам подобро решение за вашиот проблем. Помалку опасен за вас.

Жената се насмевнала, мислејќи дека докторот сепак ќе го изврши абортусот. Тој продолжил:

“Гледај, со цел да ти олеснам и да немаш две бебиња во исто време за кои ќе мора да се грижиш, ајде да го убиеме ова бебе што го држиш во рацете! На овој начин, дури и ќе можеш да си дозволиш малку одмор додека не се роди второто бебе. Ако веќе си наумила да убиеш едно дете, не е важно кое. На овој начин нема да има ризик за тебе и твоето здравје.

Жената почнала да вика – “Не докторе! Тоа е страшно! Па тоа е кривично дело да се убие дете!”

“Јас се согласувам со вас”, рекол докторот, “но пред малку ми се чиниеше дека тоа беше најдоброто решение за вас”.

Докторот се насмевнал бидејќи бил сигурен дека таа ја сватила пораката. Тој успеал да ја убеди мајката дека не постои никаква разлика помеѓу убиство на веќе родено бебе и она кое е суште во стомакот. Кривичното дело би било исто!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *