Тајни закони на привлекувањето кои долго се криеле од јавноста. Дали сте подготвени да ги откриете?

26 септември, 20150
10

Постојат тајни закони на привлекувањето кои долго се криеле од јавноста. Дали сте подготвени да ги откриете овие моќни принципи и да го научите она што повеќето никогаш нема да го дознаат за манифестирањето и исполнувањето на своите желби?

Чувствата се многу важни

Не се само нашите мисли она што е важно, туку и чувствата. Всушност, може да се каже дека нашите чувства се далеку посилни и помоќни од нашите мисли.

Зошто? Можеме постојано да размислуваме за тоа што сакаме да ни се случи во животот, но доколку премногу се плашиме од нашите желби, тогаш тоа се сведува единствено на размислување. Универзумот има способност да ги чита нашите чувства. Затоа, доколку сакате нешто да се случи, ќе мора да се погрижите срцето да ви биде во склад со целта. На пример, доколку сакате да победите на утрешниот фудбалски натпревар, мора да бидете возбудени и да се чувствувате како победник.

Ние сме вибрации

Ова е една од тајните на законот за привлекување на кој многу малку луѓе обрнуваат внимание. Во основа, сите ние сме вибрации. Нашите мисли и чувства се вибрации. Тие вибрации потоа патуваат низ Универзумот кој исто така претставува една голема вибрација. Она што го чувствуваме и мислиме вибрира и резонира со него. На тој начин Универзумот ги дознава нашите желби. Дали сега сфаќате зошто мора да ги земеме во предвид и чувствата?

Запишувањето на целите ви дава поттик

Една речиси непозната тајна на законот за привлекување е запишувањето на целите кои сакате да ги постигнете. Запишувањето ги прави истите десет пати посилни! Кога ги запишувате работите, свесно се трудите да размислувате за нив. Токму заради тоа и професорите бараат од своите ученици да запишуваат забелешки за време на предавањата. Не затоа што ќе имате подобар преглед кога ќе се вратите дома, туку зата што запишувањето ја зајакнува таа лекција во вашиот ум. Направете го тоа и со вашите цели и ќе постигнете успех!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi