Татко на векот: Неговата посветеност кон болната ќерка воодушевува и инспирира многу луѓе од цел свет…

18 октомври, 20140
Татко на векот: Неговата посветеност кон болната ќерка воодушевува и инспирира многу луѓе од цел свет…

Рик Ван Бик со право е нарекуван „татко на векот“. Неговата посветеност кон болната ќерка воодушевува и инспирира многу луѓе од цел свет. Трпеливиот и упорен татко од Мичиген завршил триатлон заедно со својата ќерка која има церебрална парализа.

Тој трчал носејќи ја болната Меди во рацете или туркајќи ја во количка, пливал тргајќи ја со кајак, возел велосипед тргајќи ја со количка за заедно да ја поминат целната линија.

Тимот Меди Тимот Меди Тимот Меди

13-годишното девојче не може да оди и да зборува, а нејзиниот татко не е сигурен дали таа може да гледа, но затоа пак е убеден дека таа е пресреќна кога е надвор и токму тоа го мотивира да учествува во вакви настани. „Таа функционира како тримесечно бебе и едно од малкуте нешта кои ги знаеме е дека таа ужива да биде надвор, да биде во вода, чувствувајќи го ветерот во нејзината коса и на нејзиното лице“ – изјавил посветениот татко.

Тимот Меди Тимот Меди

Два месеци по раѓањето, докторите откриле дека Меди има церебрална парализа.

„Тоа беше еден од најлошите денови во нашите животи. Сите се молат нивните деца да се здрави и во текот на 8 години и јас посакував таа да беше здраво дете, но ако не беше каква што е, ние немаше да бидеме луѓето кои сме денес“ – изјавил Рик за Fox17Online.

Она што навистина го променило Рик и неговиот поглед на болеста на Меди бил маратон кој се одржал пред 4 години. Тогаш спортист ја туркал Меди во текот на трката, а нејзиното лице зрачело со радост.

Тимот Меди Тимот Меди

До 2008 година Рик пушел по 2 пакети цигари дневно, но го оставил пушењето и започнал да тренира за да може тој да ја турка Меди на трките. Заедно Меди и Рик имаат учествувано во над 70 спортски настани – полу-маратони, триатлони и трки на отворено.

„Мислам дека Медисон има променето многу животи само со тоа што е таму. Не јас, таа. Ние сме одличен тим“ – дополнил Рик.

Со учеството во настаните Рик собира средства за хуманитарни цели и вели дека наскоро планира да основа хуманитарна организација за помагање на децата со церебрална парализа.

„Емоцијата ме охрабрува или ме инспирира да ги правам работите кои ги правам. Наречете го инспирација, наречете го мотивација, наречете го како сакате, јас го викам љубов. Тоа нема да исчезне никогаш… Таа е моето срце и јас сум нејзините нозе. Иако некој ден таа нема да биде физички со мене, таа секогаш ќе биде во моето срце, тивко бодрејќи ме“ – рекол Рик.

Погледнете го „Тимот Меди“ во акција:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi