Ви се верува дека женава има 60 години: На Кристи времето не оставило ни траг!

19 декември, 20140
8

Во списанијата за мажи сѐуште се смета за најатрактивната жена на сите времиња и сите со задоволство ја повикуваат да им ги разубави насловните страни иако за два месеца ќе наполни 61 година.

Кристи Бринкли е американска глумица и модел, родена е 1954 година, ја стекна славата во доцните седумдестти години кога се појави на насловната страница на спортскиот магазин во костим за капење. Оттогаш почнаа да навираат понуди за соработка.
Повеќе од 500 пати се појавила на насловна страница, била заштитно лице на најпрестижните козметички и модни брендови, а се занимава со пишување, дизајн, фотографија и е борец за заштита на правата на животните.
Меѓутоа и ден денес таа е секс симбол и на 60-годишна возраст списанијата за мажи како Playboy и Men’s Health, и го даваат признанието за најатрактивна жена на сите времиња. Ова и не би требало да не зачуди зашто Кристи во седмата деценија од својот живот има витка, затегната фигура на која би и завидувале и млади девојки!
И нејзиното лице не престанува да ја зачудува јавноста – на неа годините како да не оставиле ниту еден траг!
Овие денови Кристи ја промовира својата линија за козметички производи за нега на лице и против стареење, а со оглед на тоа како изгледа, никој не се ни сомнева дека и претстои успешна работа.
Кристи изјавува дека е среќна дека има свежа и негувана кожа иако за два месеца ќе наполни 61 година, но признава дека се кае за некои работи што ги има правено, како што е интензивно изложување на сонце со желба за потемен тен на кожата. А бидејќи е познато дека водата ги привлекува сончевите зраци, таа постојано се прскала со капки вода додека се сончала.
Инаку Кристи е мајка на три деца – ќерките Алекс (28) и Сејлор (16) и синот Џејк (19), а се мажела дури четири пати. Бракот за кој најмногу се пишуваше беше оној со музичарот Били Џоел, а 60-годишната убавица изјавува дека децата се тие кои ја одржуваат да остане “млада”.

Foto: Profimedia / Beta

Foto: Profimedia

Foto: AP / Instagram

Foto: Reuters

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *