Зборови поради кои ќе се засакате себе

19 јули, 20140
Зборови поради кои ќе се засакате себе

Приказната на Саманта Патерсон некому може да му звучи премногу познато. Еден ден таа се шетала по улица, кога извесен маж нешто ѝ дофрлил, со што ја навредил во врска со нејзиниот надворешен изглед, нарекувајќи ја со погрдни имиња.

По тој повод, Петерсон напишала песна со ироничен наслов „Dead Men Can’t Catcall“ (превод: мртов маж не може да довикува) и ја прочитала на еден рецитал сакајќи да стави точка на навредувањето на дебелите луѓе.

-На друштвото не му одговара ништо што не се вклопува во традиционалниот тенок калап, рекла Петерсон, па често смислуваме најразлични начини на кои зборуваме за дебелите луѓе, само за дебелината да звучи попривлечно.

Ова е дел од нејзиниот говор:

„Знам дека за тело како моето може да се зборува само со метафори. Мојот стомак може да биде дел од песочна дина, моите листови да се разбрануван океан.

Можеби може да помине и нешто како „тело-планина“ покрај која сте успеале да се качите. Но, дебело тело, тој валкан тротоар, преголем е за да биде вреден и достоен на човечките облици.

Така што, кога зборувам за своето тело, опишувам преубава глетка, небесен свод, една галаксија од жена“.

Слушнете го нејзиниот инспиративен говор:

httpv://www.youtube.com/watch?v=pJnJNcNKmC8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi