Бијонсе објави “домашно видео”

24 ноември, 20140
Бијонсе објави “домашно видео”
На огромно изненадување и задоволство на многубројните фанови ширум светот, Бијонсе објави “домашно видео”… Погледнете за што станува збор во продолжение!

Откако минатата година го изненади светот со објавување на цел нов албум “преку ноќ”, Бијонсе продолжува да ги чести своите фанови, па така, без никаква претходна најава таа објави нов видео спот и песна.

Станува збор за “домашното видео” за песната “7/11”, во рамките на кое што може да се види како музичката дива танцува во долна облека и се забавува со своите пријателки.

 

Меѓутоа, во неколку кадри таа покажала и дека е сериозна конкуренција на Џеј Ло, Иги Азела и Ким Кардашијан, кои што во изминатите неколку дена го освојуваа медиумскиот простор со своите секси задници.

Песните “7/11” и “Ring Off” ќе бидат дел од новото издание на албумот “Beyonce”, кој во продажба ќе се најде на 24 ноември.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *