Лепа Брена во минатото шверцувала фармерки

16 април, 20140
3

Познатата пејачка откри една интересна анегдота од нејзината младост

Пејачката Лепа Брена за ТВ шоу “Ексклузив” изјави повеќе од интересна анегдота од нејзината младост. За време на својот престој во Трст, регионалната музичка ѕвезда откри дека заедно со своите пријатели имале можност да “прошверцуваат” фармерки.

– Еден од моите пријатели ме замоли да одиме во Трст да купуваме работи. Му велам, “Добро, јас ќе одам за да си купам фармерки.” Се сеќавам дека не убеди да облечеме три или четири пара на себе фармерки. Кога седнав во автомобилот, па тоа беше толку тешко, како да сум облекла костим за нуркање – рече во смеа Брена, и продолжи:

– Кога цариникот не праша што имаме на себе, се правевме дека не го разбираме, дека не знаеме ниту еден јазик. Бевме пресреќни кога со фармерките стигнавме дома – истакна познатата пејачка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi