Новак Ѓоковиќ доби син!

22 октомври, 20140
17
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ стана татко. Неговата сопруга Јелена синоќа на свет донесе здраво момче и веројатно иден тениски шампион.

Според досегашните информации, Јелена се породила по природен пат во приватна клиника која се наоѓа на 20 километри од Монте Карло. Мајката и бебето се чувствуваат одлично, а покрај нив за цело време бил и Новак.
Со цел да не го пропуштат нејзиното породување, во Монте Карло пред неколку дена допатувале и нејзините родители, Миомир и Вера.

Новак ќе биде покрај својата сопруга и својот прв син во наредните три дена, додека од понеделник веќе ќе замине на турнир во Париз.

Веста за бременоста на Јелена Новак најпрво ја сподели со своите следбеници на друштвената мрежа Twitter, каде напиша дека тој е најсреќниот човек на светот.

Новак и Јелена се забавуваат уште од 2006-тата година, а три години подоцна веќе и започнаа да живеат заедно. Нивната резиденција е во Монте Карло.

Ѓоковиќ минатата година се сврши со својата долгогодишна девојка Јелена, додека венчавката се одржа ова лето на Свети Стефан, во Црна Гора.

Јелена и Новак веќе започнаа да добиваат честитки буквално од сите страни на светот.

View image on Twitter

Jelena is pregnant!!!We will be parents soon! #blessed Postacemo roditelji uskoro!!! #najsrecniji @JelenaRisticNDF

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *